Дома Фудбал Нов клуб во игра за потписот на Дарвин: Уругваецот може да заврши во Серија А?!

Нов клуб во игра за потписот на Дарвин: Уругваецот може да заврши во Серија А?!

Дарвин Нуњез речиси сигурно ќе го напушти Ливерпул ова лето, а сега се спомнува дека за него сериозно е заинтересиран – Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Британскиот Атлетик потсетува дека периодот на Дарвин на „Енфилд“ не може баш да се оцени позитивно, ако се земе предвид дека е платен 75 милиони евра.

Освен Милан, се спомнува дека го следи и Атлетико Мадрид, иако не беа направени конкретни потези. Од порано е познато дека Ал Наср од Саудиска Арабија сакаше да го здружи со Кристијано Роналдо, во јануари во Ливерпул дури пристигна и официјална понуда, но тогаш Арне Слот процени дека е подобро да го задржи Уругваецот.

Иако оваа сезона одигра дури 43 натпревари, главно влезе од клупата и играше во помалку важни натпревари како стартер. Постигна седум голови и забележа седум асистенции, што и не е толку лошо ако се земе предвид дека беше план Б. 

Ливерпул сигурно нема да успее да ги поврати вложените пари за неговиот трансфер, но би можеле да добијат сигурно над 50 милиони евра за неговото заминување.

Фото: Liverpool FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го купува Адейеми од Борусија по поволна цена

Барселона се договори со Борусија Дортмунд за привлекување на напаѓачот Карим Адейеми, обј…