Дома Фудбал Анчелоти постави граница и му се закани на Бразил: Ако вака продолжи, нема договор!

Анчелоти постави граница и му се закани на Бразил: Ако вака продолжи, нема договор!

Сè уште не е јасно каде Карло Анчелоти ќе работи следната сезона. Од одредени доверливи извори се појави веста дека постигнал договор со Бразил, по што беше објавено дека од тоа нема ништо. Сега доаѓаат нови информации во врска со целиот случај. Италијанскиот стручен Карло Анчелоти постави граница кога станува збор за толеранција на одредени работи, и на претставниците на ФС Бразил им даде ултиматум.

Италијанскиот тренер Анчелоти имаше прилично напорна недела. Неколку извори известиле дека се согласил да го преземе бразилскиот тим пред да се откаже од преговорите кога се чинило дека е на работ на потпишување на договорот.

Според „Газета“, Анчелоти бил вознемирен од тоа што бразилските претставници пренеле неточни детали до различни медиуми и им се заканил дека ќе ја одбие нивната понуда еднаш засекогаш, доколку не запрат гласините.

Анчелоти не сакал да создаде непријатна ситуација со Реал Мадрид, со оглед на тоа што му останала уште една година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…