Дома Фудбал Чави наскоро се враќа: Два клуба се во игра?

Чави наскоро се враќа: Два клуба се во игра?

Чави Ернандез се сметаше за еден од најдобрите фудбалери во светот, на средината на теренот покажа сигурност каква што ретко кој можеше во неговото време, а ако би бил дури 20% добар тренер како што беше играч, би имал многу успешна тренерска кариера. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро започна, можеме да кажеме, има освоено лига со Барселона и Ал Сад, а нема клуб од моментот кога ја напушти Барса, што е веќе една година. 

Сега се поврзува со два клуба. 

Првиот е Леверкузен, клубот кој ќе ја изгуби титулата оваа сезона, ќе го изгуби и Чаби Алонсо кој ја подигна целата структура на повисоко ниво, а покрај Чави се споменува и Тен Хаг. 

Од друга страна, англиските медиуми истакнуваат дека Чави е фаворит да биде нов тренер на Тотенхем, имајќи предвид дека ерата на Постекоглу завршува на крајот на сезоната, дури и ако ја освоји Лига Европа. 

Дефинитивно има уште понуди, но овие две засега се издвојуваат, а очекуваме Ќави да биде на некоја врела клупа веќе од август…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…