Дома Фудбал Мекманаман: На Интер поништен гол заради – ноктот на ногата?!

Мекманаман: На Интер поништен гол заради – ноктот на ногата?!

Спектакуларниот натпревар на Монжуик можеше да заврши со уште неколку голови…

Првиот полуфинален натпревар меѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3.

Публиката виде неколку атрактивни голови, но и удрени пречки и еден – поништен гол!

Во 75. минута стрелец за гостите беше Хенрик Мхитарјан. Четвртиот пат кога топката заврши во мрежата на Каталонците, но помошниот судија ја крена знамичката, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален!!!

Се работеше за милиметри…

„Не знам како по сето ова се чувствуваат во Интер. Остана без капитенот Лаутаро Мартинез, им беше поништен гол заради ноктот на ногата. Силни се емоциите, но навистина треба да бидат пресреќни поради прикажаната игра“, коментар е за британските медиуми на Стив Мекманаман, некогашниот ас на Ливерпул и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јулијан Алварез е минато, Јорганџиите започнаа потрага по нов напаѓач

Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Ма…