Дома Фудбал Тудор прецрта двајца играчи: Заминуваат од Јувентус на крајот на сезоната

Тудор прецрта двајца играчи: Заминуваат од Јувентус на крајот на сезоната

Хрватскиот стручњак на клупата на Јувентус, Игор Тудор, одлучи да направи конкретни промени во играчкиот состав на торинскиот гигант. Според пишувањата на италијанските медиуми, двајца играчи повеќе не влегуваат во неговите планови – се работи за Даглас Луиз и Франсиско Консеисао.

Откако Тудор го презеде Јувентус оваа година, споменатиот двоец ретко добиваше шанса на теренот. Сега, како што тврдат италијанските извори, поранешниот тренер на Хајдук дефинитивно одлучи дека повеќе нема да се потпира на нив, а двајцата ќе можат ова лето да побараат нова средина.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Дауглас Луис, бразилскиот репрезентативец и поранешна ѕвезда на Астон Вила, според пишувањето на Тутоспорт, е на мета на Нотингем Форест. Преговорите со неговиот агент Кијо Џорабчиан се во тек, а дополнителен адут во целата приказна е новиот спортски директор на Форест Еду Гаспар, голем обожавател на Бразилецот кој некогаш се обиде да го донесе и во Арсенал.

Форест наводно е заинтересиран за позајмица со обврска за откуп, додека Јувентус инсистира да откупот стане задолжителен веќе на крајот од сезоната.

Од друга страна, Франсиско Консеисао е на позајмица од Порто, а Јувентус нема да ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор, кој со португалскиот клуб трае до 2029 година. Во дресот на Јувентус оваа сезона запиша 33 настапи во сите натпреварувања, постигна пет гола и асистираше пет пати, но тоа очигледно не беше доволно за да ги убеди Тудор и раководството на клубот.

На Јувентус му останаа уште четири натпревари до крајот на сезоната, а целта е јасна – да се обезбеди место во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Во последното коло се вратија на четвртото место во Серија А, со бод повеќе од Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Интер во страв и паника по објавата на Јамал (Фото)

Интер имаше предност од 2:0 по 20 минути игра, откако голове постигнаа Маркус Турам и Денз…