Дома Фудбал Срамен потег на Мартинели ги налути навивачите: Ти си срам за Арсенал, избркајте го од клубот (Видео)

Срамен потег на Мартинели ги налути навивачите: Ти си срам за Арсенал, избркајте го од клубот (Видео)

ПСЖ го совлада Арсенал на Емирати со резултат 1:0, а во фокусот беше Габриел Мартинели – овој пат со негативно внимание.

Големото полуфинале од Лигата на шампионите беше одиграно вечерва на Емирати каде се сретна домаќинот Арсенал со ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ ја однесе целосната победа од овој натпревар и носи предност во реваншот, а единствениот стрелец вечерва беше Усман Дембеле.

Тој го постигна голот во шестата минута по една добра асистенција на Квича Кварацхелија и тоа беше доволно за победа.

Воопшто ПСЖ изгледаше доминантно на теренот, а од другата страна Арсенал изгледаше прилично бледо пред своите навивачи.

Во 87. минута Габриел Мартинели реши да направи срамен потег за да се обиде да изнуди пенал за својата екипа.

Иако немаше никаков контакт во дуелот со Ашраф Хакими, тој падна како „покосен“ и доби слободен удар.

Тука не е крајот, бидејќи Бразилецот направи чекор понатаму и почна да бара од судијата Винчиќ да досуди најстрога казна.

Видеото може да се погледне ТУКА.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…