Дома Фудбал Ѕвезда на Реал го пропушта остатокот од сезоната поради повреда – нема да игра ниту на клупско СП!

Ѕвезда на Реал го пропушта остатокот од сезоната поради повреда – нема да игра ниту на клупско СП!

Ферланд Менди нема да настапи на Светското клупско првенство. Потврдено е дека поради нова повреда ја завршил сезоната. Во финалето на Купот на кралот против Барселона играше само 11 минути, по што мораше да излезе од игра. Подоцнежните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на тетивата, а проценката е дека го очекува пауза од 10 до 12 недели.

Во текот на оваа сезона Менди имаше четири одделни периоди на отсуство поради здравствени проблеми – по еден секој квартал. На почетокот имаше повреда на мускулите, но како се поклопи со репрезентативната пауза, не пропушти ниту еден натпревар на Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа, поради проблеми со квадрицепсот, беше надвор од составот четири натпревари. По враќањето одигра низа од 21 натпревар без прекин, за потоа да доживее кинење на левиот бедрен мускул (бицепс феморис).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …