
Фудбалерите на Реал Мадрид Антонио Рудигер и Лукас Васкез ги дознаа казните за несоодветно однесување на натпреварот од Купот на кралот против Барселона.
Антонио Рудигер и Лукас Васкес се суспендирани од страна на Фудбалската федерација на Шпанија, додека Џуд Белингем ја избегна казната.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Во главната улога во инцидентот беше Антонио Рудигер, кој го гаѓаше судијата со лед, по што на хаосот се приклучија уште неколку негови соиграчи.
На крајот, судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа исклучи тројца играчи. Црвени картони добија Рудигер, Лукас Васкес и Џуд Белингем.
Фудбалската федерација на Шпанија денеска одлучи да ги казни Рудигер и Васкес. Германецот е суспендиран на шест натпревари, а Васкес на два. Џуд Белингем ја избегна казната.
Фото: Принтскрин