Дома Фудбал Анчелоти ќе си замине од Мадрид со полн џеб: Реал ќе му исплати уште 11 милиони евра

Анчелоти ќе си замине од Мадрид со полн џеб: Реал ќе му исплати уште 11 милиони евра

Познатиот италијански стратег Карло Анчелоти, според очекувањата, на крајот на сезоната ќе стави крај на својата етапа во Реал Мадрид и ќе го преземе селекторското место на бразилската фудбалска репрезентација.

Одлуката доаѓа по серија незадоволителни резултати на „кралскиот клуб“, кои ја забрзаа неговата разделба со тимот од шпанската престолнина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај тоа, раководството на Реал реши со почит и благодарност да ја заврши соработката со Анчелоти, па ќе му ја исплати и целата последна година од договорот, во вредност од 11 милиони евра. Со тоа, клубот ја нагласува важноста на неговиот придонес во последните неколку сезони.

Анчелоти остави значаен белег во историјата на Реал Мадрид, водејќи го тимот до вкупно 11 трофеи, вклучувајќи и Лигата на шампионите, Ла Лига и други значајни титули.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…