Дома Останати Ракомет Алкалоид прво ќе гостува кај АЕК, па дома ќе може да испише историја!

Алкалоид прво ќе гостува кај АЕК, па дома ќе може да испише историја!

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид ќе го одигра реваншот од финалето на ЕХФ Купот на домашен терен, откако така реши денешната ждрепка што се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според распоредот, првиот натпревар ќе се игра на 18 или 19 мај во Атина, каде што домаќин ќе биде грчкиот АЕК, додека решавачкиот реванш ќе се одигра една недела подоцна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

За Алкалоид ова е историска можност – со евентуален триумф, тимот би можел да го освои својот прв меѓународен трофеј, само неколку години од формирањето на клубот. Тимот веќе покажа дека има квалитет за европска сцена, а поддршката од домашната публика во Скопје би можела да биде клучниот фактор во битката за титулата.

Фото: РК Алкалоид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…