Дома Фудбал Јирген Клоп кратко и јасно му честита на Ливерпул за титулата шампион на Англија

Јирген Клоп кратко и јасно му честита на Ливерпул за титулата шампион на Англија

Измина година откако на својот последен натпревар како менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп покажа зошто е вистинска легенда. Во недела, Арне Слот му возврати достојно и со стил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кога си заминуваше од Енфилд, Германецот господски го најави својот наследник: („Арне Слот, на-на-на-на-на“), уште немаше официјална потврда кој ќе го преземе кормилото на славниот клуб. Денес, година дена подоцна, Слот ja оправда довербата.

Кога пристигна во Англија, Ливерпул не беше меѓу главните фаворити за освојување на насловот, но на крајот им ги затвори устите на критичарите.

Многумина очекуваа и проценуваа колапс каков што го доживеа Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

А кога сè беше готово, кога стана шампион на Англија, првото што направи беше, господско сеќавање на Клоп, кој му ја даде поддршката по неговото доаѓање: „Јирген Клоп, на-на-на-на-на“, пееше со навивачите на Редс.

Благодарен на можноста, знае Слот што наследил од Клоп и на крајот не ги разочара. Една титула веќе е во витрините на клубот откако тој пристигна.

Многу честитки пристигнаа на Енфилд, една особено одекна – онаа на Јирген Клоп. Мохамед Салах најдобро го сумираше значењето на оваа титула:

„Ова е посебна затоа што е освоена без Садио Мане, Јирген Клоп и Роберто Фирмино. Без сите“

Клоп кратко, но емотивно, порача:

„Неизмерно благодарен за минатото, пресреќен за сегашноста и исклучително оптимистичен за иднината. Честитки – YNWA. Благодарам, Ливерпул“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се 23 екипи за новата сезона на Лигата на шампионите

Сезоната во елитниот европски фудбал се привршува и во моментов се познати имињата на 23 к…