
Карло Анчелоти на крајот на сезоната си заминува од Реал Мадрид. Потврдата стигна од новинари блиски до кралскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Карло Анчелоти ќе го води Реал Мадрид во уште пет натпревари и потоа го напушта клубот. Тимот на Светското клупско првенство ќе има нов тренер.
Угледни новинари блиски до Реал Мадрид, Марио Кортегана и Миѓел Анхел Диаз, добиле потврда дека Дон Карло си заминува.
„Карло Анчелоти ќе го води Реал Мадрид во преостанатите пет натпревари, а потоа ќе стане селектор на Бразил. Одлуката е конечна“, тврдат двајцата.
Кортегана открива и кој би требало да го води тимот на Светското клупско првенство, и кој ќе биде на клупата од летото.
„Реал Мадрид наскоро ќе донесе одлука кој ќе го води тимот на Светското клупско првенство – Сантијаго Солари како привремен тренер или Хаби Алонсо како нов тренер на тимот“, посочи тој.
Фото: Принтскрин