Дома Фудбал Гвардиола прво му честиташе на Ливерпул, а потоа им испрати жестока закана

Гвардиола прво му честиташе на Ливерпул, а потоа им испрати жестока закана

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола му честиташе на новиот првак на Англија, а тоа е тимот на Ливерпул, но веднаш потоа им испрати јасно предупредување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот што го предводи шпанскиот тренер вчера играше натпревар во полуфиналето на ФА Купот против Нотингем Форест и забележа победа и се пласираше во финалето.

По натпреварот, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата му честиташе на тимот на Ливерпул за освоената титула, но им испрати и закана.

„Само малку, пред да почнам“, рече Гвардиола на почетокот на прес-конференцијата и продолжи:

„Во мое лично име и во име на клубот што го водам сакам да му честитам на новиот првак на Англија, тимот на Ливерпул.

А, потоа следуваше заканата и предупредувањето од страна на Гвардиола.

„На нас ни се случуваше ова последните четири години, сега тие ќе се обидат повторно да ја освојат титулата, но ние ќе бидеме подобри следната година и ќе се бориме до последниот гол, што оваа сезона не беше возможно“, рече Гвардиола.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Историчарот Фјоренцо Сантин со тригодишна истрага откри шокантни детали за потеклото на ле…