Дома Фудбал Ливерпул го расплака Тотнем и го освои шампионскиот пехар во Англија

Ливерпул го расплака Тотнем и го освои шампионскиот пехар во Англија

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул на импресивен начин ја потврди својата доминација во Премиерлигата, совладувајќи го Тотнем со убедливи 5-1 во натпревар од 34. коло. Со оваа победа, „црвените“ четири кола пред крајот на сезоната и официјално ја обезбедија шампионската титула.

Иако Тотнем успеа прв да се радува, откако Соланке ја затресе мрежата на Ливерпул уште во 12. минута, тоа само го разбуди гигантот од „Енфилд“. Следуваше експлозивна реакција: во периодот меѓу 16. и 34. минута, Ливерпул постигна три брзи гола преку Луис Диаз, Алексис Мекалистер и Коди Гакпо, со што направи целосен пресврт и на полувремето замина со водство од 3-1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во вториот дел, Мохамед Салах на самиот почеток ја зголеми предноста на својот тим, додека несреќниот автогол на Удоги во 69. минута дополнително ја продлабочи кризата на лондонскиот состав.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни „распали“ кон ѕвездите на Јунајтед: Немате ниту страст, ниту желба…

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, смета дека тренерот Рубен Аморим мо…