Дома Фудбал 7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпревар, решен во 116-тата минута. Ова е вториот трофеј за каталонскиот клуб оваа сезона под водство на Ханзи Флик.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дојден летово по заминувањето на Чави, германецот може да освои четири трофеи со Барселона уште во првата своја сезона. Тој веќе има два – Суперкупот и Купот на Шпанија, и се бори за титулата (Барселона е лидер во Ла Лига) и Лигата на шампионите (Барселона е на полуфинале). 60-годишниот тренер ја продолжува својата серија без пораз.

Натпреварот во сабота вечер беше седми финал во кариерата на Флик. Германецот има совршен процент – ги освоил сите. Досега, Флик има освоено пет финалиња со Баерн (Минхен): Лига на шампиони, Суперкупот на Европа, Купот на Германија, Суперкупот на Германија и Светското клупско првенство. Со Барселона има две освоени финалиња, и двата против Реал Мадрид: 5:2 за Суперкупот и 3:2 за Купот на Шпанија.

Ако го елиминира Интер, Флик ќе игра трето финале со каталонците – против ПСЖ или Арсенал.

Неговиот договор со Барса е до летото 2026 година, но веќе се појавија информации за постигнато договор за негово продолжување за 12 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Судбината повеќе не е во наши раце

На стадионот Хил Дикинсон, МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа нерешено 3:3 во рамки на 35. к…