
Фудбалот често пишува најневеројатни приказни, но оваа спаѓа во оние кои навлегуваат во доменот на чиста мистерија. Во главната улога се римските Папи и англиските клубови.
Имено, три пати во историјата, кога ќе почине Папа, клуб од Островот истата година го подигнуваше трофејот на Лигата на шампионите.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Папата Франциско почина на 21 април оваа година.
Дали е случајност, судбина или нешто трето? Ајде да ја разгледаме хронологијата.
Кога се случи сето тоа?
1978.
Папата Павле VI почина во август.
Таа сезона, Ливерпул го освои тогашниот Куп на шампионите, победувајќи го Клуб Бриж.
2005.
Почина Папата Јован Павле II, еден од најомилените главари во модерната историја.
Само неколку месеци подоцна, Ливерпул направи чудесен пресврт во финалето против Милан во Истанбул и ја освои Лигата на шампионите.
2022.
Папата Бенедикт XVI (кој формално абдицираше во 2013, но остана жива фигура на поранешен папа) почина на 31 декември 2022.
Сезоната 2022/23, Манчестер Сити го освои своето прво европско првенство победувајќи го Интер.
Случајност или судбина?
Се разбира, статистички гледано, тоа е пук факт – во модерниот фудбал, англиските клубови секогаш се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Но, фасцинантно е како овие настани се временски совпаднати и создаваат приказна која љубителите на “убавата игра” сакат да ја прераскажуваат.
Иако никој не посакува вакви настани, јасно е дека секој следен пат, кога ќе дојде до промена на чело на Ватикан, фудбалскиот свет ќе погледне кон – англиските клубови во Лигата на шампионите.
Оваа сезона единствениот преостанат англиски клуб во елитното натпреварување е Арсенал, кој во вторник ќе го пречека ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето. Топчиите никогаш не го подигнале „ушатият“ трофеј, а ако е да се верува на традицијата, дојде и тој час.
Случајност или не, оваа приказна засекогаш останува дел од фудбалскиот фолклор.Во другото полуфинале противници се Барселона и Интер.