
Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњез најверојатно си ја запечати својата судбина на “Енфилд” по непромислената објава на социјалните мрежи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Последниве недели, извори блиски до клубот пренесоа информација дека времето на напаѓачот во Ливерпул е ограничено до летото, но по директните критики кон управата на “црвените”, изгледа дека разделбата на двете страни е неизбежна.
Нуњез очигледно е незадоволен од времето на терен што го добива под водство на Арне Слот, што и јавно го изрази на начин кој би се рекол, не е примерен.
“Не е чудо што не играм повеќе. Последен пат кога почнав во Премиер Лига одеше добро. Одеднаш…”, напиша Нуњес.
На набрзо ја избриша објавата, но интернетот сè памети.
Фото: Liverpool FC/XДарвин Нуњес ја избриша објавата.
— Самуил (@SamueILFC) 26 април, 2025
Не изгледа добро за неговата слика. pic.twitter.com/n81G15D5oZ