Дома Фудбал Останато Историски момент во атлетиката: За првпат жена истрча 10 километри за помалку од 30 минути!

Историски момент во атлетиката: За првпат жена истрча 10 километри за помалку од 30 минути!

Кенијката Агнес Нгетич стана првата атлетичарка во историјата која истрча трка на 10 км под 30 минути. Нгетич до историскиот резултат стигна во германскиот Херцогенаурах, каде што ја заврши трката во време од 29:27 минути. Така го подобри претходниот светски рекорд од 30:01, кој го држеше нејзината сонародничка Агнес Тироп, трагично почината пред четири години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Толку сум возбудена, не го очекував ова. Лани рекордот ми избега за две секунди, па сакав денес да дојдам овде и да се обидам повторно. Толку сум горда на себе. Откако лани ги пропуштив Олимписките игри, сакам оваа година да го надоместам тоа на Светското првенство”, рече 24-годишната Нгетич.

До победата Нгетич стигна со предност поголема од една минута пред второпласираната Етиопјанка Фентаје Белајнех (30:30). Трета беше уште една Етиопјанка Сенает Гетачев (30:31).

Да потсетиме, Тироп беше најдена мртва во својот дом во октомври 2021 година. Олимписката тркачка и двојна освојувачка на бронзен медал на 10 км на светските првенства (2017, 2019) и четврта на ОИ во Токио, беше избодена до смрт. За нејзиното убиство беше обвинет сопругот Ибрахим Ротич.

Фото. Пртинскрин/YouTube
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

АСОМ до пратениците: Не поддржувајте закон кој ќе остави на улица 10.000 луѓе

Почитувани пратеници во Собранието: Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Ушт…