
Многу турбулентни 24 часа во Шпанија. Реал Мадрид се закани дека нема да игра финалето на Копа дел Реј поради судиите, но на крај сепак реши да игра. Од друга страна, и Барселона се најде во слична ситуација и реши да не игра.
Реал Мадрид и Барселона се најголемите шпански клубови и понекогаш имаат став дека правилата треба да се приспособат на нив.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Овој пат „Кралевите“ се тие што се жалеа бидејќи беа незадоволни од делегирањето на судиите за финалето на Копа дел Реј и решија да се заканат дека нема да го одиграат натпреварот со Барселона.
Лос Бланкоси на стадионот „Ла Картуха“ не ги извршија официјалните активности како што се прес-конференцијата и тренингот, па гласините за неиграње станаa сè поизразени.
Сепак, во петокот навечер пристигна клупското соопштение во кое наведоа дека никогаш не размислувале да се откажат од финалето на Копа дел Реј.
„Реал Мадрид разбира дека фудбалските вредности мора да надвладеат, и покрај непријателството и анимозитетот што беа очигледни, уште еднаш против нашиот клуб, од страна на судиите назначени за финалето“, порачаа од Мадрид.
Интересно е што на денешен ден во 2000 година Барселона се откажа од натпреварот на Копа дел Реј, поточно од реваншот на полуфиналето против Атлетико Мадрид, но не беше казнета.
Атлетико го доби првиот дуел на „Винсенте Калдерон“ со 3:0, а беше одлучено реваншот да се игра за време на репрезентативната пауза. Нешто што Каталонците не сакаа да го прифатат.