Дома Фудбал Реал Мадрид ќе патува за Севиља, финалето ќе се одржи

Реал Мадрид ќе патува за Севиља, финалето ќе се одржи

Реал Мадрид сепак ќе излезе против Барселона во утрешното финале за Кралскиот куп, и покрај создаденото напнатост по прес-конференцијата на судиите на натпреварот Рикардо Де Бургос Бенгоечеа и Пабло Гонзалес Фуертес, како и последователната декларација на кралскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на Хавиер Родригес Паскал од Relevo, во овој момент Реал Мадрид се уверени дека финалето ќе се одржи. Раководството на “белите” веќе планираше лет до Севиља за утре, во 13:00 часот според локално време.

Порано денес, Реал откажа прес-конференцијата на Карло Анчелоти и Лука Модриќ, отворениот тренинг во Севиља и фотосесијата на Анчелоти со тренерот на каталонците Ханзи Флик пред финалниот натпревар. Мадридистите исто така ќе ја пропуштат свечената вечера која ја организира Кралската шпанска фудбалска федерација.

Барањето на кралскиот клуб е судиите за финалето да бидат заменети – нешто што федерацијата категорично одби како опција. Сепак, се појавија и тврдења дека раководителите на шпанскиот фудбал можат да прибегнат до таков чекор, за да ги смируваат страстите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…