Дома Фудбал Флик: Нема фаворит во финалето, треба сите повеќе да ги почитуваме судиите

Флик: Нема фаворит во финалето, треба сите повеќе да ги почитуваме судиите

Тренерот на Барселона Ханзи Флик зборува пред утрешниот дуел со Реал Мадрид за Кралскиот куп, кој ќе се одигра во Севиља.

„Секогаш е подобро да се игра пред навивачи. Стадионот изгледа неверојатно и ние треба да уживаме. И да дадеме сè од себе. Треба да се бориме. Започнавме патување на почетокот на сезоната и имаме шанса да освоиме три титули. И тоа е нашата цел. Иако знаеме дека е тешко, Мадрид е фантастичен тим. Имаме многу млад тим и ова е прекрасно искуство. Финалето секогаш е различно; нема фаворит. Сакаме утрешниот натпревар да започне“.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


За прес-конференцијата на судиите и солзите на главниот судија Де Бургос.

„Не знам што да кажам, вистината е дека за мене ова е спорт, игра… ова е фудбал и е наша одговорност да ги заштитиме сите во оваа ситуација. Не е правилно и по натпреварот треба да оставиме сè зад нас. Навивачите сакаат да ги видат играчите и, се разбира, ни се потребни судиите; треба да се грижиме за нив. Не можеме да ги потценуваме, сите. Ова е она што мислам дека треба да го направиме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тебас го понижи Перез како никој досега: Реал е срамота, ова не е фудбал

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа жестоко го нападна првиот човек на Реал Мадр…