Дома Фудбал Голем скандал пред Ел Класико – Реал Мадрид побара промена на судиите и ја откажа прес-конференцијата

Голем скандал пред Ел Класико – Реал Мадрид побара промена на судиите и ја откажа прес-конференцијата

Напнатоста пред утрешното Ел Класико во финалето за Кралскиот куп се засили до крајни граници, објавуваат сите водечки спортски медиуми во Шпанија. Причината е тоа што Реал Мадрид се бесни по денешната прес-конференција на судиите кои ќе го водат утрешното дерби со Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денеска, реферите директно и остро одговорија на клубската телевизија на „лос бланкос“, која ги нападна уште пред првиот судиски сигнал и изјавија дека нема да трпат такво однесување. Сепак, во Реал Мадрид биле многу разочарани од изјавите на Рикардо Де Бургос Бенгоечеа и Пабло Гонзалес Фуертес, па директно побарале промена на судиите и замена со нови.

Од Кралската шпанска фудбалска федерација, сепак логично не се согласија со барањето на Кралскиот клуб.

Како резултат на ова, Реал Мадрид ја откажа прес-конференцијата на која требаше да присуствуваат тренерот Карло Анчелоти и Лука Модриќ. Нема да има ниту отворен тренинг на тимот, ниту вечера меѓу претставниците на двата клуба, како и заеднички слики со тренерот на Барселона Ханзи Флик и со Марк-Андре тер Стеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…