Дома Останати Кошарка Јокиќ збесна на тајм-аут за време на дебаклот на Денвер (Видео)

Јокиќ збесна на тајм-аут за време на дебаклот на Денвер (Видео)

Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз против ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првата рунда на плејофот во Западната конференција. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серијата која се игра до четири победи, Клиперс водат со 2:1.

Најдобар играч кај гостите беше Никола Јокиќ. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (шут од игра 9/14) со 13 скокови и асистенции. Јокиќ беше најдобриот играч на натпреварот во сите три најважни категории, но неговиот тим убедливо загуби.

Јокиќ ги покажа своите фрустрации за време на еден тајм-аут на својот тим. Камерите го фатија во нервозна расправија со помошниот тренер на Нагетс, Рајан Саундерс.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…