Дома Останати Кошарка Трипл-дабл на Јокиќ: Клиперс го „уништија“ Денвер со 34 поени разлика (Видео)

Трипл-дабл на Јокиќ: Клиперс го „уништија“ Денвер со 34 поени разлика (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го победија Денвер Нагетс со резултат 117:83 минатата ноќ.

Третата средба од плејоф серијата од првиот круг меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс му припадна на тимот од Калифорнија, кој во „Интуит Дом“ го совлада противникот со 34 поени разлика!

Во овој убедлив пораз, видовме трипл-дабл на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скока и асистенции, а Дџамал Мареј исто така постигна 23 поени, додека двоцифрен беше само уште Арон Гордон со 15 поени и 7 скока.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Што се однесува до Клиперс, српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ имаше 2 поени, 1 скок и 3 асистенции и повторно одигра слабо.

Нив ги предводеше одличниот Кавај Ленард со 21 поен, 11 скока и 6 асистенции, Дџејмс Харден постигна 20 поени, 6 скока и 9 асистенции, а 20 поени постигна и Норман Пауел, додека учинокот на Ивица Зубац беше 19 поени и 9 скока, додека 12 поени имаше Николас Батум, а 10 постигна Дерик Џонс.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама е џин, а за време на одморот и уште пораснал!

Виктор Вембанјама продолжува да расте. Не, не е шега. Имено, мерењата пред почетокот на се…