Дома Фудбал Лангле ja известил Барса дека сака да остане во Атлетико

Лангле ja известил Барса дека сака да остане во Атлетико

Шансите на францускиот одбранбен играч Клеман Лангле да се врати во Барселона ова лето се мали, тврди шпанскиот весник „Спорт“.

Во моментот Лангле игра како позајмен за Атлетико Мадрид и остава добри впечатоци со своите настапи последниве недели. Мадридскиот клуб дури започнал преговори во јануари за да го задржи Французинот меѓу своите редови, нудејќи 5 милиони евра.

Каталонскиот гигант се надева на речиси двојна сума за конечно да се раздели со 29-годишниот фудбалер, но самиот Клеман Лангле го извести клубот за својата намера да остане во Атлетико Мадрид и следната сезона, што ја ослабува преговарачката позиција на Барселона.

Договорот на Лангле со каталонците е до 2028 година. Тој не играл за Барселона од 2022 година. Бранителот одигра 30 натпревари за Атлетико во тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот Бразил на Анчелоти во драматична завршница се спасуваше од Пораз со Австралија (Видео)

Во пријателска пресметка во Австралија, “новиот” состав предводен од Анчелоти …