
Можноста Трент Александер-Арнолд да потпише нов договор со Ливерпул и да остане на “Енфилд” сѐ уште е жива. Според “Ливерпул Ехо”, во клубот веруваат дека тоа е возможно, иако од почетокот на годината настојчиво се тврди дека англискиот репрезентативец веќе се договорил со Реал Мадрид и ќе премине на “Сантијаго Бернабеу” како слободен играч.
Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах веќе потпишаа повторно и ќе останат на “Енфилд” уште две години. Ова е една од причините што би можеле да го убедат Трент да го направи истото. Другиот фактор е дека сѐ уште не е јасно кој ќе биде тренер на Реал Мадрид за следната сезона, бидејќи шпанските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти најверојатно нема да остане во клубот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Трент се врати на теренот минатиот викенд по повредата и во својот прв натпревар донесе победа за Ливерпул во дуелот со Лестер. Александер-Арнолд изрази голема радост пред гостинските навивачи, што им даде повод на фановите да го читаат неговото однесување како знак дека 26-годишниот фудбалер може да остане. Самиот фудбалер повторно одби јавно да го коментира своето иднина по натпреварот со Лестер.