Дома Фудбал Алиоски може да се врати во поранешниот клуб?

Алиоски може да се врати во поранешниот клуб?

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски би можел повторно да го облече дресот на швајцарскиот клуб Лугано, откако таму настапуваше една и пол сезона, пренесуваат швајцарските медиуми.

Иако засега нема официјална потврда, неговиот агент Дино Ламберти открива дека постои интерес од неколку клуба во земјата.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Во моментов немаме нешто конкретно, но Лугано е една од опциите што ги разгледуваме. Сепак, приоритетот на Езѓан е странство. Во Швајцарија има два до три тима кои покажале интерес“ изјави Ламберти, основач на агенцијата ФПА Ферплеј, која го застапува македонскиот интернационалец.

Ламберти додава дека враќањето во Лугано не е исклучена можност.

„Разговараме со клубот, но одлука сè уште не е донесена. Враќањето во Тичино е опција која сериозно ја разгледуваме, но ништо не е финализирано“, додаде агентот на македонскиот фудбалер.

Иако престојот во Лугано беше релативно краток, Алиоски остави значаен впечаток – на 54 официјални натпревари во шампионатот и Купот постигна 20 голови и запиша 16 асистенции.

Ако се остварат шпекулациите, можно е уште еднаш да го гледаме Алиоски во швајцарското првенство, каде веќе има изградено респектабилна репутација.

Фото: ФФМ
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шахтјор

Јувентус го изразува сериозниот интерес за играчот на Шахтјор Донецк, Хеорхи Судаков. Суда…