Дома Фудбал Teжок удар за Реал Мадрид: Камвинга се враќа наредната сезона!

Teжок удар за Реал Мадрид: Камвинга се враќа наредната сезона!

Едуардо Камавинга (22), играч од средината на Реал и репрезентацијата на Франција, на синоќешниот првенствен натпревар против Хетафе, кој Реал го доби со 1:0, комплетно ја скинал тетивата на адукторот. Деталниот преглед следниот ден по натпреварот откри сериозна повреда на бутниот мускул на левата нога.

Поради тоа, Камавинга ќе паузира три месеци, јавуваат шпанските медиуми. Така ќе ја пропушти завршницата на сезоната во која Реал се бори со Барселона за титулата во Ла Лига, како и финалето на Купот на кралот, исто така против Барса. Покрај тоа, нема да игра ни на Светското првенство на клубови, кое се одржува од средината на јуни до средината на јули. Шпанците додаваат дека Камавинга неговиот следен настап за Реал ќе го чека речиси четири месеци. Пишуваат дека ќе се врати средината на август, на почетокот на новата сезона во Ла Лига.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Камавинга дојде во Реал во летото 2021 година од Рен со откупна клаузула од 31 милион евра. За Реал одиграл 180 натпревари со ефект од четири гола и десет асистенции. Оваа сезона има 34 настапи со по два гола и две асистенции. Иако примарно среден, игра и како дефанзивен играч од средината, а поради бројни повреди и како лев бек. Камавинга порано страдал од повреди. Оваа сезона затоа пропуштил дури 20 натпревари.

Фото: Real Madrid C.F/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шахтјор

Јувентус го изразува сериозниот интерес за играчот на Шахтјор Донецк, Хеорхи Судаков. Суда…