Дома Останати Кошарка Бостон и Кливленд поведоа со 2-0, Хјустон израмни против Голден Стејт (Видео)

Бостон и Кливленд поведоа со 2-0, Хјустон израмни против Голден Стејт (Видео)

Нoќеска во НБА лигата беа одиграни три натпревари од првиот круг на плејофот, во кои домаќините запишаа три победи.

Бостон го победи Орландо со 109:100 и се води со 2-0 во серијата. Џејсон Тејтум поради повреда го пропушти натпреварот, а одговорноста ја презеде Џејлен Браун, кој со 36 поени и 10 скокови ја водеше својата екипа до триумф.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Кливленд поведе со 2-0 против Мајами благодарение на победата од 121:112. До победата ги водеше одличниот Донован Мичел со 30 поени, 6 скокови и 6 асистенции.

Хјустон го победи Голден Стејт со 109:94 и израмни на 1-1 во серијата. Џејлен Грин постигна 38 поени за победничката екипа, додека на другата страна Стеф Кари немаше свој ден и постигна 20 поени со шут од игра 6/15.

Фото: Boston Celtics/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ остана без наградата – заврши на второ место зад Брансон

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, не е добитник на трофејот „Џери Вест“, кој се дод…