Дома Фудбал Челзи води во трката за потписот на Хујсен

Челзи води во трката за потписот на Хујсен

Во моментов, Челзи изгледа како фаворит за привлекување на одбранбениот играч на Борнемут, Дин Хујсен, известуваат медиумите како во Англија, така и во Шпанија.

Според информациите, лондонскиот клуб е подготвен да ја плати откупната клаузула на играчот во износ од 50 милиони фунти, со цел тој да биде на располагање уште за Светското клупско првенство, кое започнува во јуни.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Самиот Хујсен има желба да остане во Премиер лигата, а Енцо Мареска бара нов централен дефанзивец кој ќе биде добар во играњето со топка. Намерата на менаџерот на Челзи е шпанскиот репрезентативец да соработува со Весли Фофана или да го заменува кога Французинот ќе биде повреден.

Со својот силен сезон во тимот на Борнемут, каде има одиграно вкупно 31 натпревар, Хујсен привлече интерес не само од Челзи, туку и од неколку други англиски клубови како Ливерпул, Арсенал, Њукасл и Тотенхем. Тој исто така е следен и од Реал Мадрид, но од таму имаат одредени сомнежи во врска со ваков трансфер поради високата цена на 20-годишниот играч и пробивот на Раул Асенсио во првиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…