Дома Фудбал Барселона спреми нов договор за Флик

Барселона спреми нов договор за Флик

Според „Марка“, тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го продолжи својот договор со клубот. Ќе биде валиден уште една сезона, до летото 2027 година.

Двете страни веќе постигнале согласност за продолжување на соработката по завршените преговори минатите неколку дена.

Официјализацијата на новиот договор се очекува по крајот на тековната сезона. Страните се согласиле фокусот да остане на важните натпревари што ја чекаат екипата оваа сезона.

Каталонскиот клуб е моментално лидер во Ла Лига, се квалификуваше во финалето на Кралскиот куп каде за противник ќе го има Реал Мадрид на крајот од неделата, а во Лигата на шампионите ќе го очекуваат полуфиналните натпревари со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…