Дома Останати Кошарка Кошаркарите во НБА-лигата се изјаснија кој треба да биде МВП

Кошаркарите во НБА-лигата се изјаснија кој треба да биде МВП

Најдобриот спортски портал „Атлетик“ спроведе анкета во која НБА играчи гласаа меѓу Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер за новиот МВП на лигата.

Според анонимната анкета, во која учествуваа 155 НБА играчи, дури 56,1 проценти гласаа за Гилџес-Александер, додека 37,4 проценти го поддржаа Јокиќ.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Новинарите Сем Амик и Џош Робинс истакнаа дека учесниците во анкетата посебно потенцираа две работи во корист на Канаѓанецот – најдобриот резултат на Оклахома во лигата (68 победи и 14 порази) и неговиот впечатлив напаѓачки резултат, со просек од 32,7 поени по натпревар, што го прави најдобар стрелец во НБА лигата.

Јокиќ, пак, имаше впечатлива сезона – како трет играч во историјата што просечно бележеше трипл-дабл во текот на целата сезона, го предводеше Денвер Нагетс до 50 победи.

Фото: Денвер Нагетс/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама е џин, а за време на одморот и уште пораснал!

Виктор Вембанјама продолжува да расте. Не, не е шега. Имено, мерењата пред почетокот на се…