Дома Фудбал Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се соочи со најголемите ривали, овој пат во друг спорт.

Кралот на земја е со другите членови на „големата четворка“ одиграл вкупно 124 дуели, но ни тоа не му е доволно. Освојувачот на 22 Грен слем трофеи открил во разговор со британскиот Телеграф дека сака да ги предизвика во нов спорт. Шпанецот откако прекина со тенисот се посвети на голфот, кој му оди исклучително добро.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Може да се случи, но мораат уште да тренираат. Имам мала предност во однос на нив“, рече Надал со насмевка.

„На тенискиот терен меѓу нас немаше толкава разлика, но во голфот сум многу подобар“.

„Бикот од Мајорка“ не е од оние на кои белиот спорт им недостасува веднаш по повлекувањето, а смета дека тој момент уште нема да дојде. Ужива во слободното време и вонтениските активности, на кои за време на професионалната кариера не можеше ни да помисли.

„Сè уште не сум нашол момент во мојата рутина што би ми донел лична мотивација повторно да играм. Доколку во иднина најдам причина за тоа, ќе организирам егзибициски натпревар или нешто слично. Тогаш ќе имам поттик, но тој момент за сега не е дојден“.

Надал во понеделникот ја освои „Laureus“ наградата за спортска икона.

Фото: Rafa Nadal/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се случи нешто неочекувано: Халанд застана пред камерите и откри голема „тајна“

Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол на натпреварот против Брентфорд и тоа во деветт…