Дома Фудбал Партизан во „трка со времето“: Има рок од 48 часа да добие лиценца за Европа!

Партизан во „трка со времето“: Има рок од 48 часа да добие лиценца за Европа!

За сега Партизан нема лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата следната сезона, и добија рок од околу 48 часа да го исполнат спорниот услов.

ФК Партизан не доби лиценца од УЕФА, пренесува “Спорт Клуб”. Од есенва, Партизан е во трка за исполнување на многубројни барања кои УЕФА ги постави пред нив. До сега успеа да ги реши сите задачи, меѓутоа останаа уште некои „ситници“ за да помине на крајот и финалниот мониторинг и да го исполни условот да се натпреварува следната сезона во нејзините натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добиле нов рок, околу 48 часа, во кој Партизан ќе мора да ги реши сите прашања за документацијата и да обезбеди УЕФА лиценца, а најголемиот проблем во моментот е околу поранешниот фудбалер Никола Антиќ.

Станува збор за лев бек кој на малку непријатен начин се раздели од Партизан минатата зима, откако практично беше изопштен од тимот, а потоа потпиша договор со казахстански Ордабаси. Партизан му должи значителна сума на пари и додека тоа не се реши, црно-белите не можат да добијат лиценца за Европа.

Фото: ФК Партизан
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на критиките: Кога нема да дадам голот, велат дека сум за во пензија

Кристијано Роналдо покажа голема самодоверба пред новинарите по двата гола во победата на …