
Иднината на камерунскиот голман Андре Онана во Манчестер Јунајтед е под сериозно прашање. Откако пристигна од Интер во 2023 година, не успеа да ги исполни очекувањата.
Втора сезона веќе реди серија на грешки, што води до размислувања на „Олд Трафорд“ дали да го задржат.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако Рубен Аморим можеби има намера да го смени голманот ова лето, не е сигурно дали тоа ќе се реализира, бидејќи клубот се соочува со други, поитни проблеми за решавање.
Сепак, Онана не е откажан од „Олд Трафорд“ и е решен да се избори за своето место во тимот.