Дома Фудбал 25 милиони евра од трансфер на Челси завршија за украинската армија

25 милиони евра од трансфер на Челси завршија за украинската армија

25 милиони евра од трансферната сума, која Челси ја плати за Михајло Мудрик, биле дадени на украинската армија во борбата против руските напаѓачи. Веста ја објави поранешниот клуб на фудбалерот Шахтьор (Донецк).

Мудрик премина на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2023 година за 70 милиони евра, откако претходно беше договорен со Арсенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ринат Ахметов [сопственик на Шахтьор Донецк] донираше 25 милиони евра од продажбата на Мудрик на армијата. Тој е посветен на својата земја и од почетокот на конфликтот има донирано над 315 милиони евра, што е најголемата сума донирана од поединец или компанија“, рече Сергеј Палкин, извршен директор на Шахтьор.

Во моментов, Мудрик има суспендирани права, откако минатата година даде позитивен тест на допинг. Во оваа фаза се чека резултатот од „Б“ пробата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преодниот рок заврши, но Арсенал подготвува емотивно враќање на фудбалер кој беше соиграч со Артета!

Последниот ден од трансфер периодот донесе шпекулации околу можноста Сандро Тонали да го з…