
Физичката трансформација на Ламин Јамал е неверојатна – од кревок играч до вистинска ѕверка. Барселона совршено го управува неговиот развој и сега тој доминира во Лигата на шампиони, иако има само 17 години.
На прв поглед, Јамал изгледаше, и всушност беше, многу слаб и кршлив, но никој не можеше да ја негира магијата која ја демонстрираше со топката во нозете. Во модерниот фудбал, сепак, е невозможно да се игра без добра физичка подготовка и силно тело. Затоа, шпанскиот репрезентативец, роден 2007 година, одлучи да се посвети на својот физички развој.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сè уште тинејџер, Јамал мора да се развива во вистинската насока, и Барселона обрнува посебно внимание на неговиот прогрес. Од почетокот на сезоната, Јамал има добиено седум килограми мускулна маса, што влијаеше не само на неговиот физички изглед, туку и на психата. Тој е посамоуверен, посилен и поодлучен.
Барселона разви специјални тренинзи за него, кои ја подобрија неговата форма до степен што сега изгледа речиси непрепознатливо. Фокусот на овие тренинзи беше на физичката сила, за да може да издржи тешките двобои во сите натпревари во кои учествува Барса. Иако има само 17 години, Јамал ги изведува истите тренинзи и вежби како и соиграчите, се разбира, со адаптирани тежини. Резултатите се повеќе сила во дуелите, подобра држење на телото, повеќе самодоверба, брзина и помоќни удари.
Кога би споредиле слика на Јамал од 2023 година со неговиот денешен изглед, ќе забележиме дека се работи за две сосема различни физички фигури. Јамал видно и правилно напредува, а Барселона го обликува својот дијамант како што треба.