
Никој никогаш не трчал како Јусеин Болт. Барем што се однесува до брзината. Меѓутоа, најбрзиот спринтер на сите времиња повеќе не е сопственик на еден рекорд…
Имено, славниот тркач од Јамајка, кој е носител на два светски спринтерски рекорди, беше најдобар во историјата на “кралицата на спортовите” и во уште еден параметар:
Во текот на десет различни години успеваше да оствари резултати под десет секунди на 100 метри.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сега повеќе не е сопственик на тој рекорд, бидејќи го надмина ветеран од Јужна Африка, еден од најдобрите спринтери таму, Акани Симбини.
Тој дури 11-та година по ред успеа да во натпреварувачките трки оствари време кое е пократко од десет секунди, кога станува збор за најпопуларната спринтерска дисциплина.
Симбини, горд сопственик на сензационалното олимписко сребро од Игрите во Париз 2024, и тоа во трката штафета, има и светска бронза (вистина, на 60 метри, и тоа оваа година во Нанѓинг), како и три африкански злата, од континенталните шампионати.
Беше и првак на Универзијадата 2015.
Овој 31-годишник својот најдобар резултат во кариерата, 9,82, го постигна токму на париските Игри, кои ги заврши на четвртото место кога станува збор за трката на 100 метри, заедно со споменатото “штафетно” сребро.

.
Фото: Usain Bolt/FB