Дома Фудбал Консеисао се налути и откри зошто Милан е во криза

Консеисао се налути и откри зошто Милан е во криза

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, го најави реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Интер, но исто така зборуваше и за својата позиција во клубот.

Градските ривали ќе се сретнат в среда во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија. Во првата средба одржана на 2 април, резултатот беше 1:1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан во неделата беше поразен дома од Аталанта (0:1) во натпревар од 33. коло на Серија А. Во моментов се наоѓа на деветтото место на табелата со 51 бод.

Консеисао во декември минатата година го замени Пауло Фонсека, неговиот договор трае до јуни 2026 година, но Милан има можност да го прекине договорот на крајот од оваа сезона.

„Откако дојдов и го освоив Суперкупот, секојдневно се зборува за тренерите кои доаѓаат во Милан. За мене е тоа во ред, во фудбалот сум веќе 40 години, но играчите читаат вести и поради тоа нема стабилност. Мораме да работиме денес за да бидеме подобри утре. Не ми е лесно, бидејќи нема многу почитување – зборуваат како тренерот на Милан никогаш да не водел тим, а тоа не е така. Мојата иднина не зависи од ништо, морам да ја подготвам екипата за следниот натпревар против Интер и да го освоиме тој трофеј”, изјави Консеисао за „ДАЗН“.

Фото: AC Milan/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …