Дома Фудбал Анчелоти дозна што му се подготвува во Реал Мадрид и експресно најде нов ангажман

Анчелоти дозна што му се подготвува во Реал Мадрид и експресно најде нов ангажман

Во изминативе денови се повеќе се шпекулира дека Реал Мадрид на крајот од сезоната ќе му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката, а наводно и Италијанецот е се повеќе свесен за тоа бидејќи веќе нашол нов ангажман.

Анчелоти прави одлична работа откако се врати во Реал Мадрид пред неколку години, и повторно со овој клуб успеа да освои се што можеше.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, по нешто послабите резултати статусот на Анчелоти во Реал веќе не е толку сигурен, а особено се промени по испаѓањето од Лигата на шампионите од Арсенал.

По поразот од Арсенал се појави информација дека тоа било клучно во одлуката на Флорентино Перез на крајот од оваа сезона да го промени тренерот.

Анчелоти ќе остане на клупата на Кралевите до крајот на сезоната бидејќи Реал уште се бори за трофеи во Ла Лига и Купот на кралот, но како што стојат работите од следната сезона на негово место ќе биде Хаби Алонсо.

За доаѓањето на Алонсо се пишува сѐ повеќе, а дури и од Бајер Леверкузен потврдија дека нема да му стојат на патот ако стигне понуда од кралскиот клуб и истакнаа дека сакаат да одржат добра соработка со Реал Мадрид.

Иако Анчелоти веруваше дека ќе биде во Реал и следната сезона, изгледа дека и тој по поразот од Арсенал стана свесен дека тоа нема да се случи и си сврте кон нови предизвици и понуди кои ги има на маса.

Пред сѐ тоа се однесува на репрезентацијата на Бразил бидејќи Бразилците веќе долго време го „гонат“ италијанскиот тренер. Но, иако неколку пати ги одбил, не се откажуваа и изгледа дека конечно ќе го остварат својот цел.

Шпанскиот лист „Релево“ наведува дека Бразилците и Анчелоти повторно воспоставиле контакт и дека Италијанецот никогаш не бил поблиску до клупата на Кариока.

Фото: Реал Мадрид/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …