
Ливерпул е на чекор до 20. титула во лигата. Херој на победата над Лестер беше стрелецот на единствениот гол, Трент Александар-Арнолд, кој сѐ уште нема потпишано продолжување на договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За детето на Ливерпул, еден од најдобрите десни бекови во светот, договорот истекува на крајот од јуни. Тој сѐ уште нема потпишано продолжување, а според многу информации, веќе има постигнато договор со Реал да премине во Мадрид како слободен играч.
Сепак, капитенот на „Црвените“ Вирџил ван Дајк го пофалува својот соиграч и заменик капитенот за сѐ што направил за клубот.
– Откако дојдов во клубот, тој беше феноменален. Ќе биде запомнет по многу добри работи за Ливерпул, дури и ако одлучи да замине. Што и да се случи во иднина, тоа е нешто што тој ќе мора да го реши заедно со семејството. Но, тој сѐ уште е играч на Ливерпул и е важен за нашиот тим – изјави Ван Дајк.
Токму Ван Дајк го продолжи договорот со Ливерпул, истото го направи и Мохамед Салах.