Дома Фудбал Реал го победи Билбао, но збеснаа поради – судењето!

Реал го победи Билбао, но збеснаа поради – судењето!

Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 1:0 буквално во последната секунда, со фантастичнот гол на Федерико Валверде во судиското продолжение, со што ја покори баскиската екипа и остана во трка за титулата првак. Сепак, Реал Мадрид ТВ одлучи анализата на натпреварот да ја отвори со приказна за судиските контроверзии, фокусирајќи се на две конкретни ситуации.

Tие се однесуваат на поништениот гол на Винисиус поради офсајд на Ендрик (на сликата во статијата) на самиот почеток на акцијата – само неколку сантиметри, врвот на клупката, и недосуден пенал по прекршок на Унај Нуњез над Белингем, за кој коментаторите на клубската телевизија сметаа дека ВАР морал да интервенира и дека судијата Мартинез Мунера требало да ја прегледа снимката, пишува As.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поради оваа ситуација на РМТВ владееше толкаво незадоволство што вметнаа дури и извадоци од натпреварот Барселона – Селта, што е многу ретко. Во тој натпревар издвоија две спорни ситуации: неизбркување на Рафинја поради наводен удар врз Јаго Аспас и подоцнежниот пенал на Дани Олмо, кој беше досуден по интервенција на ВАР и кој токму Рафинја го претвори во гол.

На РМТВ се жалеа дека Рафинја требало да добие црвен картон, а посебно нагласија како најјасните снимки од можната агресија станаа достапни дури по натпреварот, а не во моментите кога се прикажуваа во преносот.

Што се однесува до офсајдот на Ендрик, коментаторите го доведоа во прашање дали кадарот кој ја застана акцијата беше соодветно избран: “Каде е топката во тој полуавтоматски систем? Нема ја, мораш да веруваш на збор. А како да му веруваме на овој систем на Клос Гомез, со продукцијата на Медиапро, кога секоја недела гледаме што се случува? Мораш да веруваш, а со овој ВАР е тоа невозможно.”

Откако КТА објави аудиоснимка од ВАР собата при поништениот гол, критиките станаа уште пожестоки: “Ова е третиот свет. Му се потсмеваат на љубителите на фудбалот, на сите, а особено на навивачите на Реал. Кој знае веќе којпат дека КТА под водство на Медина Канталехо прави вакви работи.

Тие веќе не смеат да судат, не смеат да бидат во таа професија, но сепак ги наградуваат. Затоа ФИФА не ги повика на Светското клупско првенство. Не знам дали е тоа затоа што се лоши или затоа што не веруваат во нив, како што не веруваме и ние. Ова е неприфатливо, вистинска срамота.”

Што се однесува до можниот пенал врз Белингем, на РМТВ инсистираа дека ситуацијата беше доволно јасна за ВАР да го предупреди судијата да ја погледне снимката и да донесе одлука. Го цитираа дури и изразот кој Карло Анчелоти го употреби на конференцијата за медиуми – нов фудбал:

“Во овој нов фудбал, вакви пенали на Реал редовно се досудуваат – но против нив. Оваа сезона беше слична работа со Камавинга во Памплона, каде топката не беше ни во игра. Ако тоа беше пенал, зошто, за имен на Бога, ова над Белингем не е?

Мартинез Мунера веќе еднаш му ја зеде титулата на Реал, а сега замалку направи и двојна штета.” Дури се и нашегувале: “Ни велат дека во ВАР собата сè уште го прегледуваат голот на Валверде за да видат дали можат на некој начин да го поништат.”

И покрај победата, на Реал Мадрид ТВ јасно порачаа дека нема да престанат да укажуваат на судиските грешки: “Токму денес, кога победивме, имаме уште поголемо право и уште поголема потреба да зборуваме за ова. Се обидоа да го исфрлат Реал од трката за титулата, но ние продолжуваме да се бориме.”

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…