Дома Останати Кошарка Јокиќ е кандидат за титула МВП, а ова се неговите конкуренти

Јокиќ е кандидат за титула МВП, а ова се неговите конкуренти

Ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ е финалист во изборот за најкорисен играч (МВП) на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) и за најдобар играч во неизвесните завршници оваа сезона.

НБА лигата ги објави финалистите за овосезонските награди, а покрај српскиот центар, во конкуренција за најпрестижната награда МВП се играчот на Оклахома Шеј Гилџес-Александер и центарот на Милвоки Јанис Адетоќунбо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јокиќ минатата година беше МВП и се обидува да ја освои таа награда четврти пат во последните пет години. Оваа сезона е еден од најдобрите играчи во лигата бидејќи во просек по натпревар постигнува трипл-дабл учинок.

Тој е номиниран и за наградата во конкуренција за најдобар играч во неизвесните завршници. Освен него, во конкуренција за таа награда се и Џејлен Брансон од Њујорк и Ентони Едвардс од Минесота.

Едвардс во неизвесните завршници постигнал 157 поени оваа сезона, Брансон 150, а Јокиќ 140 поени.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…