Дома Останати Кошарка Кари е незапирлив, повторно блескаше за победа на Голден Стејт! (Видео)

Кари е незапирлив, повторно блескаше за победа на Голден Стејт! (Видео)

Голден Стејт Вориорс во дербито на првото коло од плејофот на Западната конференција го совладаа Хјустон Рокетс со резултат 95:85 и поведоа во серијата со 1:0.

Дуелот во Тексас ни донесе изедначена игра на двата тима, а Воините после првото полувреме имаа предност од 13 поени, беше 47:34.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во продолжение Голден Стејт стигна до максимална предност од +23, беше 64:41, но Хјустон се врати и на влегување во последните 12 минути влезе со девет поени разлика, 69:60. Успeaa Рокетс да пријдат и на три поени разлика, беше 76:73, а потоа Кари повторно стапи во акција и обезбеди победа за гостите и водство во серијата.

Одлична игра покажа Стеф Кари со 35 поени, шест скока и три асистенции, а го следеше Батлер со 25 поени, седум скока и шест асистенции додека уште двоцифрен беше Подзиемски со 14 поени, осум скока и пет асистенции.

Во составот на Хјустон се истакна Алперен Сенгун со 26 поени и девет скока додека Брукс и Смит Џуниор додадоа по 11. Брукс додаде три скока и две асистенции, а Смит Џуниор шест скока. Уште двоцифрен беше ВанВлит со десет поени и седум асистенции.

Резултати:

Оклахома – Мемфис 131:80 (1:0)

Бостон – Орландо 103:86 (1:0)

Кливленд – Мајами 121:100 (1:0)

Хјустон – Голден Стејт 85:95 (0:1)

Фото: Golden State/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ е кандидат за титула МВП, а ова се неговите конкуренти

Ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ е финалист во изборот за најкорисен играч (МВП) на Америк…