Дома Фудбал Останато Алкараз поразен во финалето во Барселона, го изгуби и второто место на АТП

Алкараз поразен во финалето во Барселона, го изгуби и второто место на АТП

Холгер Руне, дански тенисер, го освои АТП турнирот во Барселона. Во финалната пресметка помеѓу двајцата 21-годишници, тој го победи домашниот тенисер Карлос Алкараз со резултат 7:6, 6:2. Со ова го изедначи нивниот меѓусебен сооднос на 2:2 и го прекина низата од 13 последователни порази од тенисери од топ 5.

Руне од самиот почеток наметна агресивно темпо, користејќи различни удари, дроп-шотови и промени на темпото со кои го неутрализираше стилот на игра на Алкараз од основната линија. Првиот сет беше решен во тајбрек, каде што Алкараз најпрво одбрани две сет топки, но бргу Руне стигна до третата и ја искористи со конечниот резултат 8:6.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Данецот продолжи со беспрекорна игра во вториот сет. Алкараз водеше до 2:1, но тогаш Руне освои пет гема по ред и дојде до победата и титулата. Шпанецот во текот на вториот сет мораше да паузира за медицинска помош поради проблеми со ногата, па потоа со малку ограничено движење не можеше повеќе да му парира на Руне. Оваа победа е особено импресивна бидејќи Алкараз до финалето имаше серија од 14 последователни победи во Барселона и немаше загубено сет на овој турнир уште од 2022 година.

Руне, од друга страна, само неодамна преболел вирус и имал проблеми со формата за време на пролетта, што триумфот го прави уште поголемо изненадување. Интересно е што ова беше нивната прва меѓусебна средба во финале на АТП Турот, и тоа токму на земјена подлога, каде Алкараз се смета за еден од најдобрите во светот.

Со оваа победа Руне се враќа во топ 10 на АТП ранг-листата. Од понеделник тој ќе биде деветтиот тенисер во светот, што е скок за четири позиции во однос на почетокот на турнирот. Алкараз ќе падне на третото место затоа што Александер Зверев го освои турнирот во Минхен, па сега е пред него за само 35 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна трагедија: Двајца натпреварувачи починаа на ист маратон

Двајца тркачи го загубија животот за време на денешниот полумаратон во казахстанскиот град…