
Вест Хем вчера ремизираше со тимот на Саутхемптон (1:1), а по натпреварот пред камерите застана Никлас Фулкруг кој беше видливо нервозен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вчера на стадионот во Лондон, Вест Хем го пречека последнопласираниот тим на Саутхемптон во рамките на 33. коло на англиската Премиер лига.
Земајќи предвид дека Саутхемптон веќе е и математички испаднат, се очекуваше лесна победа на Вест Хем и сигурни три бода.
Но, тоа не се случи. Вест Хем поведе со гол на Боуен по асистенција на Фулкруг, а пред крајниот свиреж на судијата – Угочукву постигна израмнувачки гол.
Немаше повеќе време за “Чекичарите” да постигнат ново водство и така натпреварот заврши со поделба на бодови и конечен резултат 1:1.
По натпреварот пред камерите застана Никлас Фулкруг, центарфор на Вест Хем и асистент за нивниот единствен гол на овој меч.
Немецот беше видливо нервозен од резултатот и целокупната игра на својата екипа и не можеше да ги сокрие емоциите.
“Проблемот е нашиот менталитет. Не сум разочаран, туку лут на тоа што го покажавме по постигнатиот гол”, започна Фулкруг.
“Извинете, бевме с*ање. Не е првпат да постигнеме гол и само да почнеме да го тупкаме топката. Не се обидуваме да играме фудбал после тоа, туку само тонеме”, додаде тој.
Чувајте го Фулкруг по секоја цена.
— COYIrons (@COYIronscom) April 20, 2025
Тоа е страста и карактерот што се потребни во соблекувалната. Не тренирани глупости во медиумите, туку да се каже како што е и со право да се критикуваат стандардите на некои од неговите соиграчи што треба да го слушнат тоа.
pic.twitter.com/lpGAxUSLtJ
Вест Хем сега се наоѓа на 16. место на табелата на англиската Премиер лига што не е баш завидна позиција со оглед каква екипа имаат.
Единствено што може да им биде утеха оваа сезона е фактот дека скоро сигурно го осигурале опстанокот во најелитниот ранг на англискиот фудбал.
Фото: Screenshot