Дома Фудбал „Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да појде. 

Нигериецот во моментот е на позајмица во Галатасарај и веќе долго време се поврзува со други тимови. 

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е еден од нив и според извори од турските медиуми, постои договор меѓу тимот од “Олд Трафорд” и Виктор Осимен. 

Неколку медиуми ја објавија оваа информација која најверојатно потекнува од ист извор, Осимен наводно потпишал петгодишен договор вреден неверојатни 15 милиони евра годишно!

Со Наполи има важечки договор според кој прима 10 милиони годишно. 

Отпусната клаузула му е 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го сака за 20 милиони помалку и ќе се обиде преку преговори да ја намали цената. Наполи се прашува за тоа, но тешко дека ќе оди под наведените 80…

Фото: Galatasaray/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Манчестер Сити сакаат да избркаат ѕвезда од клубот: Пеп, време е да го продадеш

Манчестер Сити вчера неочекувано беше елиминиран во осминафиналето на Светскиот клупски ша…