Дома Фудбал Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Тренерот на Селта Клаудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона расно го навредувале фудбалерот на неговиот тим Илајш Мориба за време на вчерашниот натпревар во шпанското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хиралдес изјави дека 22-годишниот Мориба, со потекло од Гвинеја, бил расно навредуван кога беше заменет во завршницата на натпреварот, кој Барселона после драма и гол од пенал во 98. минута го доби со 4:3 на својот терен.

Жално е што тоа и денес се случува во фудбалот“, изјави Хиралдес за новинарите.

Мориба помина низ школата за фудбал на Барселона пред да стигне до првиот тим. Потпиша за Лајпциг во 2021 година, откако германскиот клуб му понуди подобар договор, а од тогаш играше на позајмици во шпанската лига за Валенсија, Хетафе и Селта.

Шпанскиот фудбал има многу проблеми со расизмот, бидејќи често се случуваат инциденти во кои дел од навивачите ги навредуваат темнокожите фудбалери. Фото: Barcelona FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик може да остане без голема ѕвезда: Барса добила понуда од 90 милиони евра!

Ова лето Барселона може да остане без својот бразилски офанзивец Рафиња, бидејќи за него п…