Дома Фудбал Анчелоти уште вечерва може да добие отказ!

Анчелоти уште вечерва може да добие отказ!

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим не оствари позитивен резултат во дербито на 32-рото коло од Ла Лига против Атлетик Билбао, пренесува шпанскиот портал Релево.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што тврди Релево, позицијата на Анчелоти како тренер е сериозно загрозена уште од испаѓањето од Арсенал во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а евентуалниот неуспех вечерва би значел и раскинување на соработката со кралскиот клуб.

Реал вечерва во 21 часот на стадионот “Сантијаго Бернабеу” (21:00) ќе го пречека Атлетик Билбао и мора да победи за да остане во трката за титулата шампион на Шпанија.

Со една натпревар помалку, Реал има седум бодови помалку од водечката Барселона, па јасно е дека неуспехот вечерва практично ќе значи дека титулата ќе им припадне на каталонците.

Поради тоа, Реал доколку киксне вечерва, Анчелоти би бил разрешен, а клубот би именувал привремен тренер до крајот на сезоната, по што Флорентино Перез би се обидел да го доведе Чаби Алонсо.

Фото: Real Madrid C.F
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …