
По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, се зборува за потенцијалниот крај на соработката меѓу кралскиот клуб и Карло Анчелоти на крајот на сезоната. Како можен наследник се спомнува тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот тренер веќе повеќе од една година се поврзува со Реал, но сè уште нема ништо конкретно во сето тоа. Што го потврди и самиот Алонсо.
– Не е добро време да се зборува за иднината. Сезонава е многу важен период. Не сакам да разговарам за шпекулации и гласини. Разбирам дека тоа е интересно, но она што ми е поважно е она што сега се случува – рече Алонсо.
На крајот на минатата сезона, кога Баер ја освои двојната круна, прва во историјата на клубот, Алонсо беше многу баран тренер. Наводно го посакуваа Реал, Ливерпул и Бајерн. Во тој момент, единствено Реал имаше решено прашање на тренерот, но во Енфилд и Алијанц Арена пристигнаа Арне Слот и Венсан Компани. А и самиот Алонсо реши да остане во Леверкузен.
Моментално, “Аспиринџиите” се втори на табелата со само шест бода помалку од минхенскиот Бајерн.